Македонија
17. October 2021 - 12:42

165 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР ги мониторираат локалните избори во Македонија

Локалните избори под будно око и на странските набљудувачи. Распоредени се низ целата земја.

165 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР ги мониторираат овие локални избори во Македонија. Мониторинг вршат и набљудувачите од американската, руската, албанската, бугарската и другите амбасади.

Дваесетина од набљудувачите на ОБСЕ ќе бидат тука на долг рок а останатите ќе бидат на кус. Шефицата на мисијата на ОДИХР на две изборни места веќе имаше прилика да се запознае со протоколите но и начинот на гласање. Во врска со проблемите со терминалите за отпечатокот на прст вели дека и тоа ќе влезе во разгледувањето на набљудувачката мисија.

Првите набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР се тука од септември а вчера им се придружија и останатите. За првпат изборите не ги следат од парламентарното собрание на Советот на Европа поради пандемијата.