Македонија
27. October 2018 - 15:39

16-годишно момче нападнато со нож во Скопје

Нападнато момче со нож во Скопје. Како што информираат од полицијата  вчера во Скопје, околу 21,00 часот било пријавено дека на ул.„Радован Ковачевиќ“ на вториот спрат во маркет Х .Р (16) од Сингелиќ, бил нападнат од непознати лица, меѓу кои бил и С.С (19)од Скопје. Пријавителот, според негово кажување, од страна на непознато лице бил удрен во пределот на главата, по што извадил нож и го прободел С.С во ногата. Од страна на доктор од Градска општа болница „Наум Охридски“ кај С.С констатирани е повреда на левата нога и истиот е пуштен на домашно лекување, додека Х.Р е пренесен во Ургентен центар-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.