Македонија
28. March 2023 - 8:53

153 санкционирани возачи во Скопје: 43 за брзо возење


Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непрописно престројување на возила.    

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.