Македонија
4. February 2023 - 16:36

151 годишница од раѓањето на Гоце Делчев одбележана во Струмица

Наместо тензии и провокации треба да се градат добрососедски односи, порачаа дел од граѓаните на Струмица за време на одбележувањето на 151 годишнина на од раѓањето на Гоце Делчев. Тие сметаат дека Делчев треба да биде мост за зближување, а не повод за нетрпеливост меѓу соседите.

Пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во Струмица почит на ликот и делото на големиот револуционер оддадоа голем број граѓани, претставници на политички партии, институции, и локалната самоуправа.

На граничниот премин Ново Село на македонска бугарската граница денеска беше мирно, а фреквенцијата вообичаена како и во останатите денови. До пладне влез во Македонија оствариле 51 патник, од кои 29 бугарски државјани, 20 македонски и 2 двајца српски.