Македонија
2. September 2016 - 16:58

15.000 советувања за родители поради слаб успех или несоодветно однесување на учениците

Учењето не е секому јака страна. Над 15000 илјади советувања од стручни лица поради намален успех или изостаноци на учениците  се реализирани со родители минатата учебна година.

Најголем број советувања  биле поради слаби оценки а психолози и педагози биле ангажирани во голем број случаи и поради несоодветно однесување на учениците. Во основните имало помалку работа отколку во средните училишта. Минатата учебна година,  било разговарано со родители на проблематични средношколци  околу 10 000 пати.  

Советувањата ги прават ангажирани психолози, педагози и дефектолози. Во новата учебна година бројот на дефектолози во образованието ќе биде зголемен на 131 дефектолог. 55 во основните и 20 во средните училишта останатите треба да ги ангажираат општините .

Инаку денеска од СДСМ побараа од Љутфиу и Ристовски да одговорат каде исчезнале  како што велат околу 3000 првачиња на почетокот од оваа учебна година. Од партијата обвинуваат дека министрите излажале дека се е подготвено за новата учебна година а очигледно велат дека не е. СДСМ преку соопштение прашуваат каде се 21 250 првачиња за кои тврдел Спиро Ристовски дека се запишани а се надева дека ќе се дојде до бројот од минатата година, кога според Заводот за статистика биле запишани 21 562 првооделенци, стои во соопштението. ОД СДСМ велат, според статистичките податоци во 2010 г се родиле 24 296 деца, односно наталитет бил зголемен во однос на 2009, кога се родиле 23 684 деца.