Бизнис
27. March 2016 - 16:18

150 евра поглема заработка за работниците во споредба со периодот пред десет години

Македонците заработуваат во просек по 150 евра повеќе споредено со пред една деценија.
 
На почетокот на 2006 година статистиката пресметала дека просечното примање во земјава изнесува 13.255 денари. Десет години подоцна, во јануари годинава, просечната исплатена нето плата изнесува 22. 254 денари.
 
Во 2006 најмала плата земале текстилците, односно во секторот производство на облека.   Во просек исплатени биле нешто над  5.000 денари, во јануари годинава истите работници имале просечен месечен надомест од над 11.900 денари.
 
Платите во текстилниот сектор се двојно зголемени пред се заради утврудвањето на минималната плата. Оваа заштитна категорија прв пат беше воведена во 2012 година и од тогаш постојано се зголемува. Од овој месец , минималната плата изнеусва 10.080 денари, а за текстилците лимитот е 9.000 денари.
 
Значајно зголемување на платите има и во државниот сектор. Конкретно, во 2006 во образованието просекот изнеусвал 11.964, а годинава 22. 188.  Во здравството пред десет години просечната плата изнесувала  12.087, а денес  26. 419.
 
Во изминатата деценија работниците од приватнбиот сектор си го вратија и правото на регрес за годишен одмор.
 
Паралелно со растот на платите, се зголемува и бројот на работниците во земјава. За десет години креирани се 150.000 нови работни места, а невработениоста на крајот на 2015 се спушти на најниски досега 24,6%.