Македонија
19. March 2021 - 10:04

15 прекршувања на забраната за движење

Од 22 часот (18.03.2021) до 05 часот (19.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (18/19.03.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 533 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.