Македонија
2. July 2020 - 16:53

15 починати, 173 новозаразени од Ковид-19 од направени 1653 теста

Најцрн ден од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Македонија. За едно денонокие починаа 15 лица. Министерството за здравство информираше дека девет смртни случаи се пријавени од ГОБ 8 септември, 3-ца пациенти починале на Инфективна, еден во струшката болница, а две лица од Гостивар и Скопје починале дома. Починатите се на возразст од 45 до 82 години.

Во земјава регистрирани се 173 новозаразени од направени 1653 теста, односно 10,4 проценти од тестираните го имале вирусот.

И денеска најмногу нови случаи 75 има во Скопје, Струга -14, Охрид -10, Куманово и Тетово по 9.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 достигна 3556, од кои 2010 се во Скопје.

Во меѓувреме од понеделник во главниот град ќе биде отворен уште еден пункт за земање брисеви за Коронавирус. Здравствен Дом Скопје обезбеди простор во поликлиниката “Ѓорче Петров”. И овде закажувањата за тестирање ќе ги прават матичните лекари преку Мој термин.

-Во тој реон на Скопје гравитираат голем број луѓе, а најблискиот пункт до сега функционира за нив беше  во поликлиниката Идадија, изјави д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

Три месеци веќе функционираат пунктовите за земање брисеви за Ковид во Поликлиниките Јане Сандански, Идадија, Чаир и Ченто каде дневно примероци за испитување им се земаат на по 20-тина суспектни пациенти. од Здравствен дом велат ако има потреба ќе обезбедат соодветна просторија и во Драчево.