Македонија
28. December 2018 - 16:43

15 новинари ќе поднесат тужба против државата за надомест на штета

Најмалку 15 новинари  кои известуваа од  Собранието на  27 април покренуваат иницијатива за тужба  против  државата  за надомест на штета. 

-Зад инцијативата сме петнаесеттина, но таа е отворена за сите колеги, фотографи, сниматели.. а некаде после празниците сите кои сакаат да учествуваат во иницијативата можат да се приклучат и да ја продолжиме постапката, појасни христов.

иницијаторите очекуваат дека по новата година ќе им се приклучат и други медиумски работници  кои тој ден известувале од законодавниот дом , велат дека интерес да се вклучат во иницијативата  пројавиле  и вработени во Собранието.

Известувачите од 27 ми април најавуваат дека тужбата , во граганска пиостпка, ќе се прошири и по други основи за да се утврди одговорноста на поединци  кои  со преземање  или непреземање на одредени  дејства  допринеле да се случат насилствата.