Бизнис
3. February 2017 - 20:29

15 камиони товарени со нафта и керозин петти ден заглавени на Богородица

Македонските превозници 5 ден заглавени на грчкиот премин Богородица. Меѓу нив и 15 цистерни со опасни материи – нафта, дизел и керозин,  кои во никој случај не смеат да стојат  . Стоката е лесно запалива и може да нанесе серизони последици

– Не дај боже некој од превозниците  да запали цигара , сите 15 цистерни ќе експлодираат. Тогаш ќе има и човечки жртви, а последици и опасност од пожар можат да имаат и околните населени места. Да не зборувам и за еколошкиот момент, а тоа е огромното загадување на воздухот, изјави Билјана Муратовска од здружениото на превозници Макамтранс.

Без храна, со последни резерви гориво , без пари, лекови  и без информации до кога ќе останат заглавени на преминот се превозниците. Бараат помош од надлежните

- Си играат со нас како мачката и глушецот. Во понеделникот ни рекоа направете конвој, ќе ве пуштиме, после преместете  се таму,  преместете се уште понатаму. Бараме помош, да не извлечат, да не пропуштат , затоа што носиме стока која не смее да стои, изјави Горан Саздов, превозник

 Од здружените на превзоници Макамтранс  велат дека со побарале од грчката канцеларија за врски во Македонија да им помигнат и да ги пропуштат овие камиони.   

- Штетите за македонските провозници  поради блокаа на грчкиот премих Богородица се огроони. Дневно,. во просек губат по 250 евра

- Еден камион со лесно расиплива храна или мебел, во просек губи по 100 евра , додека пак цистерните со нафта и керозин, порадаи споцифицноста за стоката што ј апребозуваат плаќаат по 450 евра. Што значи во просек, само за еден ден губат по 250 евра, додава Муратовска

Грчките земјоделци незадоволни од новите мерки за штедење и владината политика со која им се укинаа некои бенефиции и даночни поволности во земјоделскиот сектор,  во понеделникот стапија во штајк и го бликираа едниот премин. Во моментов отворени се останатите два, Дојран и Меџитлија.