Македонија
28. July 2020 - 11:50

15 години затвор доби кавадарчанец за кривични дела спрема дете – жртва

Петнаесет години затвор доби кавадарчанец за кривични дела „посредување при вршење проституција“ и „овозможување на употреба наркотични дроги”, спрема дете – жртва. Ова денеска за МИА го соопштија од Основен суд со проширена надлежност Кавадарци.

-По одржаната главна, усмена и нејавна расправа, петчлениот кривичен совет при Основен суд Кавадарци, постапувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Кавадарци против обвинетиот  С.О. од Кавадарци, за сторени кривични дела „Посредување во вршење проституција” од чл. 191 ст.3 в.в. ст.1 од К3 и „Овозможување на употреба наркотични дроги” од чл. 216 ст.2 в.в. ст.1 од К3, спрема дете – жртва, донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече казна затвор во траење од 15 години, појаснија од Судот.