141 санкционирани возачи на територијата на град Скопје, 32 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.11.2021 година) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, две мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, две за возење под дејство на алкохол, седум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење на мобилен телефон, четири мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли, 33 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо