Македонија
15. August 2020 - 17:14

141 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје-25, Штип-33, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-2, Битола-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Кичево-11.  

Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653,  бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5373, активни 1007

• Куманово 1252, активни 262

• Дебар 226, активни 67

• Штип 1042, активни 275

• Прилеп 358, активни 37

• Тетово 1129, активни 152

• Струга 521, активни 187

• Велес 243, активни 28

• Битола 183, активни 75

• Охрид 307, активни 80

• Кавадарци 148, активни 106

• Гостивар 625, активни 266

• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)

• Струмица 49, активни 20

• Крива Паланка 28, активни 5

• Радовиш 37, активни 9

• Крушево 16, активни 2

• Кочани 128, активни 34

• Пробиштип 69, активни 19

• Демир Хисар 53, активни 32

• Македонски Брод 65, активни 49

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 13, активни 8

• Валандово 8, активни 2

• Виница 46, активни 41

• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 258, активни 66

• Кичево 236, активни 124

• Ресен 146, активни 9

• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2006 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-180, Биотек-401, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-358, Систина со PCR метода -312, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-98, Инфективна клиника-12, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 143

• Аеродром - 122

• Бутел - 66

• Гази Баба - 121

• Центар – 88

• Карпош – 106

• Сарај – 35

• Кисела Вода – 82

• Ѓорче Петров – 70

• Студеничани – 32

• Шуто Оризари – 67

• Арачиново – 18

• Илинден – 14

• Петровец – 6

• Чучер Сандево – 9

• Сопиште – 12

• Зелениково- 6

• Странец – 3

• Нераспределен - 7