14 сведоци на судењето за "27 април"
Со сослушување сведоци предложени од Спиро Ристовски, денеска продолжи судењето за наводните организатори на случувањата во собранието од 27 април.
Четиринаесетмина денеска даваат исказ пред судот.
Зоран Коњановски, Давор Политов, Драган Митков, Игор Атанасовски, Сашо Стефановски, Влатко Стојковски, Мартин Деспотовски, Зоран Костовски, Игор Бошковски, Новица Томевски, Благојче Трпковски се дел од сведоците кои даваат исказ по барање на обвинетиот Ристовски.
Давор Политов како раководител на одделението за односи со јавност во Министерството за образование, каде заменик во 2016 и 2017 бил Ристовски, рече дека на 27 април требало да имаат настан за посета на студентски дом, но тогашниот министер побарал да не доаѓа заменикот. По ова, кажа Политов, заменикот Ристовски заминал дома бидејќи во тој период се вселувал во друг стан.
Пред почетокот на денешното судење, одбраната на Јанакиески побара редуцирање на рочиштата за овој предмет, бидејќи како што истакна адвокатот Еленко Миланов, во овие два месеца, Миле Јанакиески има повеќе судења отколку работни денови и нема доволно време да ја спрема својата одбрана.
Како наводи организатори на 27 април, обвинети се Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.
Одговараат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка