Македонија
23. January 2020 - 16:46

14 пациенти со компликации од грип, еден се бори за живот на Инфективна

Расте бројот на пациенти со компликации од грип хоспитализирани на Инфективна. Вчера со пневмонија на болничко лекување биле задржани уште две лица. Во моментот во установата се згрижени 14 пациенти, меѓу нив има и помлади и повозрасни, но сите се со претходни хронични заболувања и не биле вакцинирани. На детската клиника пак задржале 4 деца со грип , но не во животозагрозувачка состојба. Веќе неколку дена се бори за живот и на апарати за дишење е 67 годишен маж од крушевско.

-Тој е примен на Клиниката поради масивна пневмонија и во моментот е на механичка вентилација во животозагрозувачка состојба, изјави д-р Сања Петрушевска Маринковиќ од Клиниката за инфективни болести.

Според податоците од Институтот за јавно здравје за една недела има 1100 новозаболени од грип, двојно повеќе од претходната седмица. Најмногу се од Струмица и Дебар.

-најдобра превенција за грип е вакцинацијата и дека треба да се избегнуваат поголеми јавни собори, да се внимава на личната хигиена и да се мијат рацете, да се отстранува секрет од нос со хартиени марамчиња кои се за еднократна употреба, да се кива и кашла во марамчиња и да се избегнување контакт со претходно загадени површини. Додаде дека тоа се мерките за препорака за поголем број заразни заболувања меѓу кои и грипот, додаде д-р Петрушевска Маринковиќ.

Инаку оваа сезона има над 2800 болни од грип, а епидемиолозите предупредуваат дека пикот допрва доаѓа.