Спорт плус
4. December 2017 - 15:24

14 медали на македонските каратисти од шампионат на Обединето светско карате

Со 14 медали од кои 9 злати, македонските каратисти се вратија од Вториот шампионат на Обединето светско карате, кој се одржа во Монтекатини, Италија
 
Македонската репрезентација во традиционално карате беше една од 47-те кои настапија со преку 1.000 натпреварувачи на овој шампионат, а покрај деветте златни освоија еден сребрен и четири бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
 
Носители на медали на Обединето светско карате првенство се: 
 
Медали во сениорска конкуренција освоија: 1. место во кати екипно-сениори (Дејан Недев, Аљоша Недев и Матеј Ангеловски), 1. место во кого-кумите и фукуго-сениори Матеј Ангеловски, 3. место во кати поединечно Дејан Недев, 3 место во ен-бу м/м (А. Недев и М. Ангеловски).
 
Резултати-јуниори: 1. место кати екипно-јуниорки (М. Саздова, Б. Милевска и Ј. Милевска), 1. место ен-бу м/ж (О. Тасевски и М. Саздова), 2. место во кого-кумите Берта Милевска.
 
Кај кадетите: 1. место кати екипно-кадетки(А. Белазелкоска, Ј. Дробниќ и Ј. Милевска), 1. место фукуго-кадетки Јелена Дробниќ, 1. место во кати и кого кумите поединечно Мила Саздова, 3. место во фукуго-кадетки Мила Саздова и 3. место во кого-кумите Јана Милевска.