Loading Video...
Свет
7. April 2018 - 18:35

14 хокеари загинаа во сообраќајка во Канада

Четиринаесет млади хокеари на канадскиот тим „Хамболд бронкос“ загинаа во сообраќајна несреќа при судир на камион и автобус. Хокеарите ce на возраст меѓу 16 и 21 година.Во автобусот имало 28 лица, останатите 14 лица биле повредени и пренесени во најблиската болница, од кои тројца се во критична состојба.

На „Твитер“ се огласи и премиерот Џастин Трудо...

„Не можам ниту да замислам низ што минуваат родителите на овие деца, мое сочуство до сите кои ги погоди оваа голема трагедија во градот Хамболд и пошироко“.

Несреќата се случила синоќа во близина на Тиздејл, на 300 км од покраинскиот главен град Реџина. Хокеарите  патувале на петти натпревар од плеј-оф серија против тимот Нипавин.