Македонија
1. February 2024 - 8:28

137 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон итн., стои во соопштението од МВР.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.