Македонија
26. December 2020 - 9:55

130 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 130 мерки од кои

8 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 7 за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 за зборување на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.