Македонија
27. September 2020 - 13:21

13-годишник од Струмица обвинет за 13 кривични дела - кражби, разбојништва и одземање возила

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишен малолетник од Струмица, поради основано сомнение дека извршил 13 кривични дела тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани. 

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во струмичко, во Радовиш и во Кочани.

Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.