1296 пациенти во ковид центрите, преостанати уште 175 празни болнички кревети
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежи 56 пациент, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Шахпаска: Се работи на законското решение, недела да биде неработен ден
-
Инспектори од ДСЗИ во придружба на полицијата влегоа во контрола кај гинекологот од Струга
-
Пендаровски и Заев им ја честитаа победата на ракометарите и пласманот во главната фаза
-
На градските гробишта во Велес погребана Љупка Мијакова Буба, доајенот на велешкото радио спикерство
-
Македонија оди во наредната фаза на СП во ракомет
-
Нови 63 случаи на коронавирусот од 529 тестирања, 13 починати и 176 оздравени
-
Брнабиќ: Од утре почнува масовна вакцинација на граѓаните во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Двојното покачување на акцизата ја намалува конкурентната моќ на економијата