Македонија
1. December 2022 - 9:55

128 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 128 возачи.

МВР информира дека седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, притоа 79 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 49 надвор од населено место.

- Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.