Македонија
7. April 2021 - 9:25

122 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37, шест за возење без возачка дозвола, четири санкции за возачи на  мотоцикли, пет за непочитување на првенство на минување.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 25 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.