Македонија
17. September 2019 - 16:16

12 пратеници доставија иницијатива за една ИЕ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со спротивни ставови

Една изборна единица со што помалите партии ќе добијат можност поправично да бидат застапени во паралементот, бараат 12 пратеници од актулениот состав. Тие поднесоа инцијатива за измена на Изборниот законик во Собранието и бараат да бидат вклучени во преговорите што ги водат власта и опозцијатата за измени на изборното законодавство.

Народните избраници од помалите партии и припадници на помали етнички групи бараат средби со собранискиот спикер Талат Џафери како и со лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

За СДСМ предлогот е прифатлив, но за измени на Изборниот законик е потребен консензус.

Од ВМРО - ДПМНЕ не се изјаснуваат конкретно за Инцијативата.

За БЕСА предлогот делумно прифатлив.

Од Алијансата на Албанците на Зијадин Села пак, бараат дури 8 изборни единици.

Доколку останат 6 изборни единици, партијата на Села ќе побара измени во две насоки: отворени листи и да се корегираат границите на изборните единици за изедначување на борјот на гласачи во нив.