Свет
5. јуни 2017 - 16:48

12 лица уапсени за поврзаност со терористичкиот напад во Лондон

Терористичкиот напад во Лондон е дело на Исламска држава. Саботниот  масакр  го извршија тројца мажи  кои 8 минути по дивеењето беа ликвидирани од страна на полицијата. Полициските службеници за да ги запрат терористите испукале 50 куршуми.  Нивниот идентитет е познат но засега во интерес на истрагата нема да биде соопштен , нагалсија полициксите власти. Соседите на еден од напаѓачите  пред полициијата  изјавиле дека тој се обидувал да влијание на нивните деца да преминат во ислам

-Го видовме ова лице  како им зборува на децатата. И зборуваше за исламот и им покажуваше  како да се молат, вели сосетка  на еден од напаѓачите.

Со врска со нападот приведени се  12 лица. Апсењата се извршени во Баркинг,област во источен Лондон. Напаѓите во нивниот крвав поход  оставија 7 мртви и 48 повредени. Прво удрија со комбе во група пешаци на Лондонскиот мост а потоа на Бороу маркетот со мачети бодеа мажи и жени. Меѓу жртвите и повреднеите, покрај британски има и странски државјани.

Американскиот претседател Трамп немилиот настан во Лондон го искористи за да ја искритикува европската мигрантска политика,  и воедно да ја испормовира сопствената уредба за забрана за патување со авион од поедини муслимански  земји како дополнителна мерка за безбедност  на Американците. Во меѓувреме, Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и ОАЕ ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар, отккао го обвинија дека  финансира тероризам. Потегот е неправеден и неоснован реагираа властите во Доха. Вашингтон ги повика раскараните соседи да седнат на преговарачка маса и сами да го решат спорот. Според , државниот секретар на САД настанатата ситуација не би требало да влијае на единството во борбата против исламските екстремисти.