Македонија
28. February 2019 - 14:16

12-годишно девојче почина од компликации од грип

 Дванаесетгодишно девојче со церебрална парализа и мускулна дистрофија почина денеска на Клиниката за детски болести од компликации од грип. Ова денеска го потврди д-р Владимир Микиќ, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Детето пред четири дена било примено на Клиниката. Ова е четврти смртен случај од компликации од грип.

Од Институтот за јавно здравје информираа дека измината недела починал 86-годишен човек од Скопје, кој бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатото лице не било утврдено присуство на коморбидитети.