12-годишно девојче е загинатото дете во земјотресот
Силен земјотрес и денеска ја погоди Хрватска, а епицентарот на потресот со јачина од 6,2 степени беше во близина на Петриња, но тој силно бил почувствуван низ целата земја, а и во регионот.
Во земјотресот кој предизвика големи рушевини во Петриња, загина едно дете потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.
„Како да сме Хирошима, ми снема половина град. Во моментов сум пред мртво девојче кое загина, чекаме помош“, изјави Думбовиќ за ХРТ.
„Извлековме мало дете од четири години, градот е уништен, не може повеќе да се живее во него. Катастрофа, мајките плачат за своите деца, не знам што е во една градинка, што во другата. Сопругата ме бара, нешто и паднало на глава. Ни треба помош, потребни ни се итни служби“, нагласил тој.
Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Н1.
Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња, каде спасувачките служби и пожарникарите со голи раце ги пребаруваат урнатините.
Татко и дете биле извлечени од станбена зграда и со возило на брза помош биле пренесени во болница. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носилки.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп