Loading Video...
Спорт плус
28. August 2018 - 18:54

12-годишниот Пејчиноски го преплива Охридското езеро

12-годишниот охриѓанец Марко Пејчиноски направи голем подвиг препливувајќи ја маратонската патека во должина од 30 километри од Свети Наум до охриското пристаниште.
Пејчиноски денеска пливаше во тешки услови и по немирни води но тоа не му пречеше да ја оствари својата цел.  Ако се знае дека имал како дете инфаркт на долните екстремитети овој подвиг на младиот Охриѓанец е навистина за почит.