Македонија
12. January 2020 - 16:43

12 години по хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на АРМ

12 години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.

-На само 50-ина метри од првите куќи во Катлановско Блаце пред 12 години на 12 јануари згаснаа 11 животи кога армискиот МИ-17 се сруши враќајќи се од Босна.

Во услови на намалена видливост, поради магла, хеликоптерот почнал постапка за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија.

Очевидци од селото сеуште се сеќаваат на тој кобен 12 јануари.

-Сам после дојдов, разбрав дека паднал хеликоптерот. Дојдоа после сите, меѓутоа касно беше се. Судбина... Се случи – што се случи..., вели Велимир Боцевски.

На спомен обележјето близу несреќата свежо цвеќе положија делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот, Армијата, членови на семејствата на загинатите, како и општина Петровец.

Единаесетте мировници кои загинаа во несреќата се враќаа од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.