Македонија
16. February 2017 - 19:59

12 април последен ден за поднесување барање за нова дозвола за оружје

По десет години чекање МВР пресече. Последниот рок за поднесување на барањата за вадење на нова дозвола за поседување оружје е 12 април. По истекот на рокот ќе се применува законот. Оние кои нема да ги испочитуваат правилата се соочени со казна од 600 до 1000 евра. Барањата може да бидат поднесени во сите 30 одделенија на МВР низ државата, а дел во дел од помалите градови и телефонски ги повикувале евидентираните сопственици на оружје.

Новиот закон за оружје се применува од 2007година, а од тогаш до денес промената на дозволата ја направиле само 25% од евидентираните сопственици. Важноста на една од четирите различни дозволи е 10 години, само за лицата со над 65 години старост е со важност од 5 години.

Ловечките друштва и стрелачките клубови велат дека рокот за поднесување на барање може да се испочитува но не и потребната процедура за обнова на дозволите. Податоците во базите на ловните друштва покажуваат дека има над 25 илјади регистррани ловџии кои поседуваат оружје.

Устрелот на стрелиштата е задолжителна постапка која може да ја оддолжи постапката за промена на дозволата, но од МВР велат дека ќе бидат оттворени во можноста за прилагодување на роковите.

Според статиските на полицијата во Македонија најмногу дозволи имаат ловџиите и оружјето кое тие го коритата е најупотребувано во земјата. Најголем број на барања пак имаат од спортистите кои бараат дозвиола за користење на соспствено оружје во стрелачките клубови.

Од МВР велат дека најмногу дозволи за оружје има во југозападниот дел на државата, но ваквиот податок го оправдуваат со традицијата во овој дел од Македонија, посочувајки дека најголем број ловџии има во Струга и Кичево.