Македонија
26. August 2020 - 15:30

119 нови случаи на Kовид-19 и петмина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-9, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-4, Струга-2, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-6, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пехчево-2, Берово-5, Делчево-6, Свети Николе-3, Кичево-3, Неготино-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-9, Штип-37, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-85, Велес-13, Битола-6, Охрид-34, Гостивар-20, Струмица-3, Крива Паланка-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Виница-1, Кратово-1, Кичево-15. 

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914,  бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5783, активни 884

• Куманово 1410, активни 361

• Дебар 242, активни 77

• Штип 1115, активни 228

• Прилеп 427, активни 87

• Тетово 1201, активни 180

• Струга 550, активни 60

• Велес 265, активни 26

• Битола 198, активни 48

• Охрид 326, активни 26

• Кавадарци 170, активни 90

• Гостивар 758, активни 286

• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 58, активни 20

• Крива Паланка 38, активни 10

• Радовиш 41, активни 12

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 137, активни 33

• Пробиштип 78, активни 20

• Демир Хисар 60, активни 25

• Македонски Брод 69, активни 32

• Пехчево 14, активни 8

• Берово 47, активни 38

• Валандово 7, активни 0

• Виница 64, активни 41

• Делчево 44, активни 39 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 16, активни 1

• Свети Николе 281, активни 71

• Кичево 266, активни 86

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 45, активни 15 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2065 теста се преку: ИЈЗ-647, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-296,  Биотек-305, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-246, Систина со PCR метода -248, лабораторија Лаор –55, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-114, Инфективна клиника-12, ГАК-24, лаборатории од странство-0 . Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6  позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 117

• Гази Баба – 112

• Аеродром - 104

• Карпош – 91

• Центар – 91

• Кисела Вода – 98

• Ѓорче Петров – 58

• Бутел - 68

• Шуто Оризари – 37

• Студеничани – 22

• Сарај – 26

• Арачиново – 15

• Илинден – 12

• Сопиште – 8

• Чучер Сандево – 7

• Петровец – 8

• Зелениково - 4

• Странец – 5

• Нераспределен – 1