113 лица евакуирани и целосно уништени 20 куќи - Ова е епилогот од невремето во Шипковица
Тетовското село Шипковица е најпогодено од силните врнежи кои доведоа до поплави.
До сега Ургентниот штаб на општина Тетово, констатирал три смртни случаи, додека едно лице се уште се води за исчезнато бидејќи телото не е пронајдено.
Тринаесет граѓани се повредени, 113 лица се евакуирани од 20 куќи кои се целосно уништени, а скоро сите куќи во селото имаат претрпено големи материјални штети, информираат од општина Тетово
Во селото поради големи дефекти во системот за електродистрибуција и водоснабдување има недостаток од струја и вода.
Брзата помош е позиционирана во ова село и ќе биде во служба 24 часа. Главен проблем претставува неможноста да се работи со тешка механизација, а армијата и Дирекцијата за заштита и спасување од раните утрински часови го бараат исчезнатото девојче. Исто така има потреба за чистење на шахтите за вода и канализација.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок