Loading Video...
Свет
13. May 2020 - 14:22

113 годишна Шпанка го победи коронавирусот

Откако дел од европските и балканските земји ги ублажија мерките наметнати против коронавирусот, повторно се зголеми бројот на заразени лица. Во Германија во изминатото деноноќие регистирани се нови 105 заболени од Ковид 19, а починале 18 лица. Коронавирусот влезе и во градинките по само 2 дена откако беа отворени. Се заразила медицинска сестра која ги прегледувала децата. Според српските медиуми, повеќе од една третина од заразените во оваа земја се од градот Лесковац, кој има речиси ист број на заразени како Белград. 332 лица се инфицирале, по излегувањето од карантинот. 

Виена на своите жители ќе им плаќа по 50 евра за да ги посетуваат рестораните и кафулињата. На овој начин, тамошните власти планираат да го спасат угостителството, како еден од најпогодените сектори од коронакризата. Кафулињата и рестораните треба да почнат со работа во петок. Сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од 50 евра, а домаќинствата со еден член од 25 евра, кои ќе можат да се користат до крајот на септември во ресторани и кафулиња. Оваа акција ќе го оптовари градскиот буџет за 40 милиони евра. Угостителството во Виена секоја година носи околу 1,4 милијарди евра.

113 годишна Шпанка го победи коронавирусот. Со тоа, стана најстарата личност во светот која се излечила од Ковид 19. Станува збор за  Марија Бранас веќе 20 години живее во старски дом во Каталонија. Таа за тамошните медиуми изјавила дека иако се уште има  мали здравствени проблеми, се чувствува добро. Медиумите информираат и дека  жената имала среќа што преживеала, бидејќи за само еден ден во истиот старски дом починале 17 лица од вирусот.  Бранас која е родена во 1907  година,  како дете се заразила со шпанскиот грип, една од најголемите пандемии што го пустошела светот од 1918 до 1920 година.