Македонија
10. March 2016 - 16:31

112 професионални војници ќе бидат вработени во државните институции

112 поранешни професионални војници ќе бидат вработени во државните институции. Лицата кои по завршување на нивните професионални договори имаа потешкотии во наоѓање нова работа, конечно ќе добијат можност за вработување во администрацијата. Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев вели дека процесот ќе заврши за кратко време.

Според Ѓорѓиев со акцискиот план на Владата се заокружува проблемот на лицата чиј работен статус беше доведен во прашање.

Овој потег на Владата, според Ѓорѓиев е позитивен одговор на барањата на професионалните војници кои ги исполнија договорите со старосната рамка од 35 или 38 години.