Македонија
17. October 2016 - 19:09

110 пратеници гласаа за распуштање на Парламентот

Со 110 гласа пратениците и официјално му ставија крај на мандатот на осмиот пратенички состав. Од денеска собранието е распуштено, Македонија оди на избори на 11 декември

На распуштањето на законодавниот дом му претходеше кратка дебата.

Сега на потег е спикерот Вељаноски кој треба и официјално да ги распише изборите на 11 декември.