Македонија
14. April 2020 - 21:19

11 здравствени работници, 7 медицински сестри и 2-ца болничари во штипската болница се негативни на Ковид 19

11 здравствени работници, двајца лекари инфектолози, 7 медицински сестри и 2-ца болничари од инфективното одделение во штипската клиничка болница се негативни на Ковид 19.  Доколку останат негативизирани и при второто тестирање, тие веќе од понеделник ќе се вратат на своите работни места. Двајца болничари и една медицинска сестра од одделението се позитивни на корона вирусот и тие се во домашна изолација. Позитивен е и лекар специјалист од друго одделение.

Од болницата информираат дека од утре земените брисеви од сомнителните на Ковид 19 ќе ги праќаат во лабораторијата во МАНУ, од каде очекуваат резултатите од тестовите да ги добиваат за еден ден- стенд ап

По стагнација од 2 дена, во последното деноноќие во Штип е регистриран еден случај на заразен со Ковид 19 и сега вкупната бројка изнесува 28, од кои, една почината пациентка и тројца излекувани. Во останатите 11 општини од источниот регион нема нови случаи на позитивни на корона вирусот. Од Центарот за јавно здравје, велат дека, до сега се земени брисеви за испитување од 230 лица,  а освен на пунктот во Здравствениот дом, за контролни тестови на утврдени позитивни случаи, брисиви се земаат и со домашни посети на лицата во изолација.