Loading Video...
Свет
26. March 2020 - 14:57

1,1 трилион евра содржи пакетот финансиски мерки во Германија за справување со последиците од Ковид-19

Земјите во светот  на големо работат во изнаоѓање и носење на мерки со кои  финансиски ќе им се помогне да ги спасат економиите кои се под силен удар од новиот вирус.

Германија ќе ги решава проблемите од Ковид -19 со пакет од 1,1 трилиони евра.

Бундестагот веќе ги изгласа мерките за одбрана на економијата и санирање на штетите.

Мерките во најголем дел опфаќаат помош во кредити за фирмите и фондовите за здравство, а пари ќе има и за гаранциите за банкарските заеми кон фирмите .

За прв пат државата нема лимит во задолжувањето.

Германскиот пакет сега треба да биде  одобрен од горниот дом на парламентот, но тоа е само формалност.

И американаксиот сенат со големо мнозинство го одобри историскиот предлог закон за итни случаи од две трилиони долари за рестартирање  на американската економија и помош на здравствениот сектор. Законот за помош ќе биде испратен до претседателот Трамп кој рече дека брзо ќе биде потпишан.

Ова е досега најголемиот пакет за економско олеснување во американската економија. Ваквата одлука за носење итни мерки се донесе откако во многу градови и држави се затворија компании кои во моментов не се многу потребни за населението.

Во регионов уште  на почетокот на месецов Грција донесе пакет економски мерки. Дел од нив се со одложено плаќање на ДДВ во секторите и областите каде што со одлука на владата се прекинаа активностите,  како и одложено плаќање на  придонесите за вработените за следните три месеци.