Македонија
20. April 2018 - 19:22

11 сведоци на одбраната за предметот „Тенк“ потврдија неопходност од набавката на блиндираниот мерцедес

Екс-премиерот Никола Груевски се возел со блиндиран мерцедес кој по својата старост и помината километража не ги исполнувал ниту основните безбедносни стандарди.

Ова го потврдија сите 11 лица вработени во МВР кои сведочеа на денешното рочиште за предмтот Тенк на СЈО.

Возилата стари и по 20 години често се расипувале на патиштата, а Груевски доцнел на закажани средби бидејќи со часови чекал друг автомибил.

Ваквите искази на сведоците според екс-премиерот се само уште еден доказ дека овој предмет на Специјалното обвинителство е апсурден и политички монтиран.

За набавката на блиндираниот мерцедес денеска им се судеше само на Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

На рочиштето пред два дена судот ја издвои постапката за екс-монистерката Јанкуловска поради боледување заради ризичната бременост. На следното судење закажано за во понеделник исказ ќе дадат уште 8 сведоци на предлог на одбраната.