Македонија
22. July 2020 - 19:32

11-годишно неподвижно дете напуштено од родителите

11-годишно дете неподвижно и болно напуштено од своето семејство во социјален ризик . Пред еден месец си заминал неговиот татко, а потоа и мајката оставајќи го сам во сопствениот дом. Детето било оставено на милост на соседите под надзор на социјалните работници. За случајот била информирана полицијата од каде велат дека, добиле телефонско известување за 39-годишна жена од Охрид на улицата „Питу Гули“, која без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот син со церебрална парализа.

 „Центарот за социјални грижи и Црвениот Крст од Охрид, преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на лицето му е дадена соодветна помош. Против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на СВР Охрид.

Овој случај кој предизвика бурни реакции од јавноста го вклучи алармот кај надлежните институции. Од Центарот за Социјални работи на став дека започната е постапка за соодветно згрижување детето најнапред ќе се тестира од Ковид-19, а потоа ќе биде сместено во ЈУ Специјален Завод Демир Капија.

Oд Министерството за труд и социјална политика пак информираа дека стручните служби и меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом.