Македонија
13. јуни 2020 - 10:21

1071 лице казнети поради не носење маска

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 1071 прекршок.