Бизнис
21. јуни 2018 - 16:17

1000 евра месечен приход сепак ќе биде праг над кој ќе се плаќа данок од 18%?

Дали државата многу подлабко ќе ја стави раката во џебот на граѓаните? Според неофицијални извори, нацрт тесктот на предлог законот со кој ќе се зголемат давачките од Нова година е веќе готов. Делови од него вчера на социјалните мрежи објави НВО Фискална транспарентност.  Според нив, персоналецот ќе се зголеми на 18% за приход над 1000 евра. Конкретно, прогресивен данок ќе плаќа лице кое заработува над 720.000 денари годишно или 60.000 денари месечно. 10% како досега ќе се плаќа на 720.000, а секој денар над таа сума ќе се даночи со 18%.

Се зголемува данокот и за капитална добивка, индустриска сопственост, игри на среќа. Досега се плаќаа 10%, сега ќе се плаќаат 15%. Но, даночењето овде е многу поголемо со оглед на тоа дека кај овие ставки досега имаше повеќе ослободувања.

Ќе се даночат и каматите на штедните влогови. Односно ако каматата од штедните влогови на годишно ниво надминува 15.000 денари, штедачот ќе плати данок на државата. Оваа давачака требаше да биде воведена во 2009, но Владата на ВМРО ДПМНЕ ја одложи за времето кога земјата ќе стане членка на ЕУ, сега Владата на СДСМ ја најавува за многу поскоро, најверојатно за од 2020 година.

Од Министерствто за финансии не сакаат да ги коментираат овие тврдења. Велат тоа се шпелукации кои не се базирани на факти.  

„МФ спроведува темелна анализа за начините и моделите на обезбедување фер даночна политика. Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата. Граѓаните треба да знаат дека Министерството работи во интерес на подобрување на фискалната политика и со тоа подобрување на животниот стандард на сите граѓани во Македонија“, соопшти МФ.“