Македонија
23. December 2016 - 16:29

10 пати досега е одложено рочиштето за случајот „Пуч“

Заев е прв политичар во светот обвинет за криминал кој одлага судење со  оправдување дека има средба со амбасадор во својата земја чиј термин самиот го потврдил иако знаел за рочиштето. Откако не помина лагата за италијанскиот амбасадор , Заев се префрли на конзулот.

Лидерот на СДСМ можеше да одбере било кој ден да се сретне со било кој дипломатски преставник во земјава, но одбра токму во денот кога требаше да се појави на Суд пишуваат медиумите. Оправдувањето кое го даде Заев уште истиот ден беше демантирано лично од италијанскиот амбасадор во земјава. Судењето за Поткуп се одлага 5 пати по барање на Заев.

Откако се постави прашањето јавноста  што е тоа што го разговарал со италијанскиот конзул доколку се земат предвид ингиренциите  кој ги има секој конзул и зошто средбата не била со амбасадорот, Заев кратко  одговори. 

И амбасадорите му помогнаа на Заев да се мајтапи со судот пишува Дневник. 10 пати до сега е одложено рочиштето за ПУЧ и 5 пати за случајот Поткуп. Со разни оправдувања како свадби, средби со амбасадори и протести специјалната јавна обвинителка Катица Јанева  и лидерот на СДСМ ги одлагаа рочиштата за ПУЧ.

Ако се земе хронолошки, сега може да се очекува дека Зоран Заев ќе се повикува на пратеничкиот иминутет  за да не се појави на Суд, или можеби повторно ќе смислува некакви средби со некои странци. Во случајот Поткуп, Заев како градоначалник на Струмица се товари за барање поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен за градежно земјиште. Според обвинението половина од парите требало да завршат кај Заев а другата половина за изградба на црква.