Џет-Сет
30. October 2015 - 14:35

10 години подоцна: Еве како денес изгледаат актерите од „Prison Break“

Тешко е да се поверува дека првата епизода од серијата „Prison Break“ беше емитувана пред 10 години. Пилот епизодата ја гледаа 10,5 милиони луѓе. Серијата имаше четири сезони и заврши во 2009 година. Нејзините обожаватели ќе бидат среќни кога ќе слушнат дека на малите екрани ќе се врати во 2016 година и тоа со нова сезона и 10 или 12 епизоди. Дотогаш, погледнете како изгледаат и што прават главните актери денеска.

Венворт Милер (Мајкл Скофилд)

Актерот од Велика Британија од завршувањето на серијата имаше многу улоги во „Law & Order“ и „House M.D.“ на ТВ екраните, но и во „Resident Evil: Afterlife“ каде го играше Крис Редфилд. Пред две години открил дека пред да дознае дека е геј, повеќе пати планирал да се убие. Неговото сексуално определување беше обелоденето во 2007 година. Се зборуваше дека е во врска со актерот Лук Мекфарлан. 

Доминик Пурсел (Линколн Бароуз)

Глумеше во сите епизоди на „Prison Break“. Актерот кој е роден во Британија, но пораснат во Австралија со мајка од Норвешка и татко Ирец, глумеше и во серијата „Castle“ и „Straw Dogs“ со Џејмс Вудсон. И тој и Венворт Милер ќе глумат во серијата „Legends of Tomorrow“ која е најавена за 2016 година. 

Ејмери Ноласко (Фернандо Сукре)

Ејмери има 44 години и доаѓа од Порторико. Имаше неколку улоги после серијата, но се посвети на голф турнирите на познатите на кои собира пари за непрофитните организации од Порторико. Го гледавте во „Трансформерс“.

Сара Вејн Калис (Др. Сара Танкреди)

Најпозната е по улогата на Лори Грајмс во хитот „The Walking Dead“. Во првата сезона на „Prison Break“ глумеше затворски лекар. Во мај 2010 година се појави во серијата „Dr. House“ како пациентка. Омажена е, има ќерка и во приватниот живот е добра пријателка со Венворт Милер.

Вилијам Фичнер (Алекс Махон)

После улогата на специјалниот агент на ФБИ, Аленсандр Махон, тој го позајми својот глас на Кени Росенберг во „GTA Вајс Сити“ и наредникот Сандмен во „Call of Duty: Modern Warfare“. Денеска има 58 години, а во серијата „Entourage“ го гледавме како Фил Јагода.

Роберт Кнепер (Тиодор Ти Бег Багвел)

Еден од највпечатливите ликови во серијата. После 8 сезони ја доби улогата на Семјуел Саливан во „Heroes“. Беше и Антониус во првиот дел „The Hunger Games: Mocking jay“, а ќе глуми и во римејкот на „Твин Пикс“.

Џоди Лин О Киф (Гречен Морган)

Американската актерка и манекенка на 17 години ја глумеше Кесиди Бриџис во серијата „Неш Бриџис“. Во „Prison Break“ го играше ликот на Гречен Морган и тоа во 37 епизоди од 2007 до 2009 година. Имаше улоги и во „Два ипол мажи“ и во „Вампирски дневници“. Има своја модна линија, а наинтересно е што има лиценца да проверува и насочува затвореници откако ќе излезат од затвор.