Македонија
21. April 2018 - 16:34

10 години мораториум за охридската пастрмка

10 години мораториум за охридската пастрмка е единствениот начин да се заштити овој загрозен вид на риба.Концесионерот со охридското езеро вели дека доколку се воведе забрана за лов и продажба по угостителските објекти од македонска и албанска страна може повторно да се обнови рибниот фонд.Но сеуште постои и битката  со рибокрадците и покрај тоа што биле поднесени преку 120 прекршочни и околу 50тина кривични пријави за жал истите најчесто завршувале  со условни казни или сторителите биле ослободени.

Доколку Охридското Езеро остане без концесионер би завладеал вистински хаос, во времето од 2004 до 2012 година во Пештани и Радожда трајно биле уништени природните мрестилишта на плашицата.

Добрите познавачи сметаат дека потребна е долгорочна  стратегија за Охридското Езеро, реална риболовна основа,  и нов закон за рибарство, за целосна заштита на охридската пастрмка.