Македонија
17. November 2015 - 16:15

10 членото семејство од Охрид доби социјален стан

Десетчленото охридско семејство Демо после 15 години живот во трошна барака без струја и вода на  иницијатива на премиерот Груевски си доби кров над глава. Денеска директорот на акционерското друштво Цветко Грозданов му ги предаде клучевите од новиот  стан во социјалната зграда каде во иднина ќе живее со своето семејство.

39 годишниот Илбер изрази огромна благодарност до премиерот Груевски бидејќи конечно неговите малолетни деца на возраст од 2 месеци до 16 години ќе живеат во нормални услови.

Руинираната барака во која живеел Демо постоела опасност  да се урне.

Инаку од Акционерскотот друштво за стопанисување со станбен и деловен простор најавија дека во наредниот период ќе изнајдат начини за да се згрижат уште шест семејства со социјален ризик.