Бизнис
30. November 2015 - 16:47

10 750 млади до 29 години нашле работа преку владините мерки

Заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, денеска во посета на приватна штипска фирма за трговија, која е една од најдобрите компании во Македонија, корисник на мерката за вработување на млади лица до 29 години. Досега само преку владината мерка која овозможува една година ослободување од плачање на придонеси и персонален данок и обврска дополнително уште една година да ги задржи на работа, компанијата вработи 151 лице.

-На ниво на општина Штип, преку само оваа мерка досега, за околу 1 година и 8 месеци, се имаат вработено 930 млади лица во приватните компании користејќи ги поволностите од мерката за вработување на млади до 29 години, изјави Диме Спасов, зам. министер за труд и социјална политика. 

На ниво на земјава, досега се вработени 10 750 млади лица во околу 5200 компании.

-Над 10% од сите вработени во државата со оваа мерка се во Штип. Тоа покажува дека штипскиот бизнис знае добро да реагира на добрите политики на Владата и на стимулциите кои ги дава Владата, изјави Илчо Захариев- градоначалник на Штип

Оваа мерка ќе биде на сила се до март, следната година, период кој треба да биде искористен од работодавачите со заштедените средства да инвестираат во развој на сопствените фирми.

-Се надеваме дека со ваквите поддршки идните наши цели побрзо ќе ги оствариме,изјави Кирил Гогов – бизнисмен

Тенденцијата на владината поддршка е младите луѓе полесно да дојдат до работно место и самите да придонесат за себе и своите семејства.