Свет
25. јуни 2020 - 17:34

1 лице загина, а 17 се повредени откако автобус излета од надвозник на автопат во Варшава

Најмалку едно лице загина, а 17 се повредени откако меѓуградски автобус во Полска излета од надвозник на автопат во Варшава.

Стравичните фотографии од местото на несреќата го прикажуваат предниот дел на автобусот „слетан“ од надвозникот, додека задниот дел за среќа останал на автопатот.

Како што пренесуваат полските медиуми, најмалку 5 лица се во критична здравствена состојба. Засега не е позната причината за излетувањето на автобусот.

„Докторите се борат за нивните животи. Едно лице за жал им подлегна на повредите“, изјави полскиот министер за здравство, Лукас Шумовски.