Македонија
15. May 2024 - 21:35

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка.

- Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте, стои во објавата на Министерството за правда на Фејсбук.