Ракомет
12. January 2017 - 20:43

Зубаи: Разочаран сум од резултатот

Селекторот на Тунис Нафед Зуаби беше разочаран по поразот од Македонија во Мец со 34:30, за разлика од Гдањск каде беше еуфоричен сега многу внимателен за секој даден збор на пресот.
- Очекувавме тежок натпревар, често играме со Македонија третпат за две години. Разочаран сум од резултатот, што можеше да биде поинаков доколку ние бевме поконцентрирани, фокусирани во одбраната и не правевме почетнички исклучувања. Не смее вака да се игра.