Живот
22. April 2017 - 12:38

Зошто такси возилата се во жолта боја?

Новата студија, објавена во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences" го открива одговорот на ова прашање. 

Такси возилата во Сингапур се обоени во сина и жолта боја, Истражувачите во период од три месеци следеле повеќе од 16 илјади возила.

Резултатите покажале дека автомобилите во жолта боја учествувале во помал број сообраќајни несреќи, бидејќи полесно се забележуваат. 

За жолтите такви возила постоела пет отсто помала веројатност дека ќе бидат удрени од задната страна, додека ноќно време тој процент се зголемувал на 19.

Бојадисувањето на сите такси возила во жолта боја би му донел на градот годишна заштеда од 1,4 милиони долари.